Премиериката на Србија, Ана Брнабиќ гостуваше на ТВ Пинк, говореше и за ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ кој трпи големи критики за организацијата на „Адрија тур“, хуманитарниот турнир беше во фокусот откако неколку светски тениски ѕвезди се заразија со Ковид-19.

Ана Брнабиќ побара Ѓоковиќ да не биде „сатанизиран“, тој не е виновен за ништо, сите се прават генерали после војна.

„Најубаво ќе биде целата вина за Адрија тур да биде префрлена на мене, Ѓоковиќ не направи ништо лошо, со оваа епидемија не можете да бидете на чисто, никогаш не се знае што може да се случи. Ѓоковиќ имаше добри намери, сега сите се прават генерали после војна, секоја чест за Ноле, тој не направи ништо лошо“ – изјави премиерката на Србија за ТВ Пинк.