Во Европа се водат нови истраги за договорени мечеви во тенис.

Според податоците на ZDF и на Die Welt, ерменската мафија организира договорени средби во седум земји. Во криминалната шема наводно се вовлечени 135 тенисери. Прва реагираше белгиската полиција, а сега се приклучи и ФБИ.

На листата е и еден топ играч, кој има освоено три титули. Неговото име не е обелоденува, а истрагата е при крај.

Како се договараат мечеви објасни еден  германски тенисер, чие име не се открива и кој и самиот учествувал во криминалните махинации. Сега соработува со полицијата.