Американскиот тенисер Џон Иснер е победник на АТП турнирот во Атланта.

Искусниот тенисер (36 години) беше подобар од својот сонародник Брендон Накашима во финалето – 7:6, 7:5.

За Иснер ова е 16 -та титула во неговата кариера, но и прва по Њупорт 2019 година.

Тој го прослави својот шести наслов во Атланта.

Накасима, пак, стигна до финалето втор викенд по ред, бидејќи играше и во финалето во Лос Кабос, каде беше поразен од Камерон Нори.