Легендата на светскиот тенис, Џон Мекинро, го коментираше евентуалното враќање на Роџер Федерер.

Швајцарецот го оперираше коленото и ќе го нема во тенисот се до почетокот на тревнатиот дел од сезоната. Федерер и во минатото имаше две подолги паузи, последната во 2016 година, после која се врати и фуриозно освои уште три Гренд Слема.

„Тогаш Роџер го немаше во тенисот дури 6 месеци. Мислев дека тоа е тоа. Но тој се врати и веднаш го освои Австралија Опен. Никогаш не треба да го отпишувате Федерер“, рече Мекинро.