Американската тенисерка, Серена Вилијамс потврди дека нема да настапи на турнирот во Мајами, со што го дополни списокот на ѕвезди кои нема да се појават популарниот Мастерс.

Серена Вилијамс вели дека турнирот во Мајами за неа е посебен, затоа што претставува нејзин дома, и воедно е тажна што оваа година нема да може да ги види своите навивачи и нема да настапи.

Вилијамс има осум титули на Мастерсот во Мајами каде на машкиот дел од турнирот своето учество веќе го откажаа Новак Ѓоковиќ, Тим, Надал, Федерер…