Трикратниот Грен слем шампион најави дека неговиот распоред до крајот на сезоната ќе зависи од тоа кога неговата сопруга Ким ќе се породи.

Енди Мареј полека се враќа на натпреварувањата по втората операција во јануари. Од понеделник некогашниот прв тенисер во светот би требало да се натпреварува во Антверпен, но постои можност да дојде до промена на планот.

„Бебето би можело да пристигне следната недела. Ќе го прилагодам својот распоред според тоа. За сега планирам да одам во Антверпен, по што ќе паузирам до Дејвис купот. Ако бебето дојде порано, можеби ќе го пропуштам турнирот во Антверпен и да размислам за Мастерсот во Париз.“ – изјави Мареј.

Енди и Ким веќе имаат две деца.