Енди Мареј само што се врати на тениисот, повторно најави дека ќе земе кратка пауза. Причина за ова е што Мареј и неговата сопруга го очекуваат раѓањето на нивното трето дете.

Двократниот освојувач на Вимблдон планира да земе едномесечен одмор по претстојниот турнир во Антверпен, но можеби и порано ќе го прекине настапот доколку сопругата Ким почне да се породува.

„Бебето може да дојде во секој момент во текот на следната недела. Планот ми е да играм во Антверпен и потоа да земам пауза до Дејвис купот. Но, ако бебето се роди порано, тогаш би го пропуштил и Антверпен“- кажа 32-годишниот Мареј.

Тој и Ким Сирс се веќе родители на тригодишната Софија и на Еди, која ќе наполни две години следниот месец.