Поранешниот прв светски рекет, Американецот Енди Родик, го прашаа на твитер како му успеа да биде единствениот тенисер кој има позитивен биланс против Новак Ѓоковиќ. Во предвид се земени играчи кои со Ѓоковиќ одиграа повеќе од пет средби.

На прашањето на еден од од неговите следбеници, дали има рецепт по кој му успеа да остане позитивен во соодносот со Ѓоковиќ, Родик одговори шеговито:

Секако дека имав. Се пензионрав пред да дојде до наш нареден меч“.

Родик петпати го совлада Новак Ѓоковиќ, а загуби само четири пати.

Родик ја заврши кариерата во 2012 година. Тој освои 32 турнири, меѓу кои и УС Опен во 2003 година.