Австралиската тенисерка Ешли Барти и понатаму е прва на ВТА листата со 9.635 поени.

Јапонката Наоми Осака е втора тенисерка во светот и има 7.336 поени, Белорусинката Арина Сабаленка е трета играчка на листата, а потоа следуваат Американката Софија Кенин, Канаѓанката Бјанка Андреску и Украинката Елина Свитолина.

Чешката тенисерка Каролина Плишкова е седмата играчка во светот,  Ига Свјонтек е осма на листата, додека Гарбиње Мугуруза е деветта во рангирањето, а Романката Симона Халеп го комплетира Топ 10.