Даниел Еванс иако голем аутсајдер во Монте Карло успеа да го победи Новак Ѓоковиќ. Еванс на овој турнир дојде после три порази во првите кола на претходните натпреварувања, со само четири победи на земја во текот на целата кариера, но ниту тоа, ниту фактот дека е на позицијата 33 на АТП листата, не му пречеше да приреди сензација.

После големата победа се обрати кратко од теренот во Монте Карло,

„Јас и понатаму не можам да верувам дека ова се случи. Мислам, дури и кога топчето ја преминуваше мрежата кај оној последен поен, не верував дека тоа е тоа, дека победата стварно е тука“– возбудено изјави британскиот тенисер.

А кога стана и дефинитивно јасно дека Новак е третиот кој го победил во главниот дел од овој мастерст, се насмевна и кажа.

„Знаете, за вакви работи мора да верувате дека се можни. Мора да верувате дека сте вие способни да ги остварите“– го откри Еванс својот рецепт за победата над Ноле.

На крајот даде и заклучкок.

„Не беше лесно да го сервирате триумфот. Толку мисли тогаш надлетуваат… Но, среќен сум што се се заврши како што се заврши. Ова е победа која не само што ќе ја паметам, туку и на децата и внуците ќе им раскажувам дека сум успеал да го победам светскиот број 1“- истакна Даниел Еванс.