Новак Ѓоковиќ со победата над Денис Шаповалов влезе во финалето на Вимблдон и ќе се бори за својот 20-ти Гренд слем трофеј, а таму пречка ќе му биде Матео Бертини.

За време на полуфиналниот меч се случуваа невообичаени сцени. Имено, некои српски навивачи тврдат дека луѓето од обезбедувањето ги тргале срспките знамиња од трибините кога и да ги виделе.

Причината било што знамињата биле преголеми, но сепак фановите на Новак се огорчени, а тоа го покажуваат преку Твитер.

„Во средата бевте толку алергички на секое српско знаме, па од сите нас кои ги имавме побарано беше да ги тргнеме, иако димензиите беа во склад со прописите. А сега ги гледам канадските знамиња. Ќе ги тргнете ли и тие или избравте да ги дискриминирате само навивачитена Ѓоковиќ?“- праша еден фан преку Твитер.

Друг само надополни:

„Мене тоа ми се случи во понеделникот. Кажано ми беше да го спуштам моето српско знаме после вториот сет. Вработениот од обезбедувањето ме уверуваше дека е преголемо, а тоа не беше точно. Доаѓаше три пати, но морам да кажам дека третиот пат се извини и кажа дека знамето сепак не е преголемо.“