Рожер Федерер ја коментираше ситуацијата во тенисот, прекинот го направи своето, Швајцарецот во моментов не тренира.

Швајцарецот смета дека по операцијата на коленото му е потребно време за одмор.

„Вистината е дека воопшто не тренирам. Не гледам причина за тренинг кога не се знае дали и кога ќе продлжиме со настапи. Сега ми е важно да се одморам, воопшто не ме интересира тенисот. Кога ќе се знае датумот за рестартот, ќе се подготвам, ќе се вратам мотивиран за нови победи“ – изјави Федерер.