Во ова време невреме, кога спортот е во прекин, големите ѕвезди со акции од дома, последната ја организираше Рожер Федерер.

Швајцарецот побара од своите фанови да му пратат видеа како практикуваат тенис во домашни услови, доби илјадници видеа, направи компилација и ја објави на Инстаграм.

„Благодарност за сите што учествуваа во предизвикот, навистина има неверојатни видеа со различни потези“ напиша на Инстаграм Федерер.