Марко Росе, поранешен тенисер од Швајцарија го предупреди Роже Федерер дека мора да се подготви добро за годинашното издание на Вимблдон, ќе треба да го победи најдобриот а тој доаѓа од Србија.

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се двете пречки кои мораш да ги елиминираш, само така ќе стигнеш до титула на Вимблдон, му порача Росе на Федерер.

„Вимблдон не се освојува со сервис-волеј игра, туку со силни удари од основната линија. Ако Федерер сака да го освои Вимблдон, ќе мора да ја подобри играта и секако, да го победи Ѓоковиќ а можеби и Надал ако му се испречи на патот“ – изјави Росе.