Швајцарскиот тенисер и еден од најдобрите на сите времиња Роже Федерер уште еднаш ја потврди својата добра форма откако избори финале на турнирот во Хале , Германија.

Швајцарецот во полуфиналето го елиминира Французинот Пјер-Иго Ербер со 2-0 по сетови 6-3, 6-3.

Ова ќе биде 13-то финале за Федерер каде ќе се бори за десетата титула и тоа против Давид Гофан.

Турнирот во Хале се игра за награден фонд од 2,2 милиони евра.