Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е поставен како прв носител на третиот Грен слем турнир годинава, неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон.

Токму Ѓоковиќ и Федерер, кој е поставен како втор фаворит на Отвореното тениско првенство на Англија, нема да можат да се сретнат се до финалниот меч.

Во случај да ги добијат претходните шест натпревари ќе играат на централниот терен на 14-от ден од турниро доколку стигнат и двајцата тенисери до финалето.Надал е поставен за трет носител на турнирот во Англија.

Ждрепката за третиот годинашен Грен Слем е закажана за в петок од 10:00 часот, а мечевите од главниот дел ќе започнат в понеделник.