Роџер Федерер и Рафаел Надал на 7 февруари ќе одиграат добротворен меч во Кептаун, Јужноафричка Република. Мечот ќе се игра на стадионот „Капе Таун Стадиум“, чиј капацитет е 55000 гледачи. Поради огромниот интерес, организаторот обезбеди уште 2670 дополнителни места. Со тоа, овој меч ќе влезе во тениските анали како најгледан тениски меч во историјата.

За тие што нема да набават влезници, пред стадионот ќе се формира фан зона, каде дури 7000 луѓе ќе можат да го проследат мечот на голем екран.

Претходниот светски рекорд повторно е врзан со Федерер. Имено, во ноември Федерер одигра меч со Александар Зверев во Мексико Сити, а го гледаа 42517 љубители на стадионот „Плаца Мексико“, кој всушност е најголемата светска арена за корида.

Инаку, средствата од мечот во Кептаун ќе одат во полза на децата на Африка.