Минатата седмица Роџер Федерер имаше еднонеделна турнеја низ Јужна Америка, каде со Александар Зверев одиграа неколку егзибициони натпревари, од кои заработи рекордни десет милиони американски долари.

Оваа турнеја не беше комплетна, откако се откажа мечот во Богота, Колумбија, поради нестабилнатата политичка ситуација. Федерер по откажувањето на овој меч реши од „свој џеб“ да им ги врати парите за билетите на сите навивачи.

„Роџер секогаш е на страната на фановите. Наша цел е тој меч да се одигра следната година. Ако не се случи тоа, Федерер ќе го врати својот хонорар и ќе се потруди сите фанови да ги добијат своите пари кои ги потрошија за билет“- изјави агентот, Тони Годсик.

Швајцарскиот ас сезоната ја заврши на третата позиција на АТП листата со четири освоени трофеи, но без ниту еден од Грен слем серијата.