Фудбалскиот клуб Виларепос, кој е член на петтата швајцарска лига, му понуди договор на легендарниот Роџер Федерер.

Швајцарецот ина 38.години се уште нема намера да ја заврши тениската кариера, но уште сега има опција да го замени „белиот спорт“. Од Швајцарскиот клуб го подготвија дресот со бројот 20 во знак на 20.Грен слем титули на популарниот Федекс.

„ За оваа идеја размислувам веќе некое време, но никогаш немав време да ја спроведам. И да не прифати да игра за нас, би било доволно само да направиме врска меѓу Федерер и Виларепос. Кога би сакал само да се слика со играчите со својот дрес, или да ги потпише би било неверојатно“– изјави претседателот на клубот Пјер Шувој.