Денеска на програмата се полуфиналните средби од завршниот Мастерс турнир во Лондон, а титулата ја брани Александар Зверев. По синоќешната победа, Германецот го елиминираше Надал и обезбеди меч против Тием во полуфиналето кој пак им го зема скалпот и на Ѓоковиќ и на Федерер.

Токму Федерер е еден четворицата полуфиналисти, а таму ќе се сретне со Стефанов Циципас во 5 нивни дуел. Во претходните 4, Федекс има 3 победи додека, Гркот единствената победа ја оствари на Австралија Опен годинава.Федерер го брка 11. финале од завршните турнири и ќе се обиде да стигне до 7 титула.

Дуелот меѓу Федерер и Циципас се игра од 15 часот, додека Тием и Зверев играат од 21 часот.