Роџер Федерер во Бостон ги следи натпреварите од Лејвер купот, егзибициониот турнир кој тој го има основано.

Швајцарскиот ас се опоравува од третата операција на коленото во доста краток период. Во разговр за АТП, сопственикот на 20 гренд слем титули, истакнува дека сега е на добар пат.

„Најлошото е зад мене. Не сакам никаде да брзам. Сакам да бидам сигурен дека во иднина ќе можам нормално да функционирам. Заота сега одам чекор по чекор. Најважно ми е прво да проодам нормално, па потоа ќе размислам за враќање на теренот“– изјави Федерер.

Последниот меч Федерер го одигра на Вимблдон, каде убедливо беше поразен од Хуркач.

„Беше тоа далеку од врвното ниво. Се трудев, но едноставно беше премногу. Операцијата беше неминовна.“

Во Бостон тој беше дочекан со овации.

„Многу ми значи ова. Луѓето сакаат што побрзо да се опоравам. Мило ми е што сум овде. Уживам во одличните натпревари. Полн погодок е доаѓањето во Бостон“– вели Федерер.