Ривалството меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал е едно од најпознатите во историјата на спортот, но овие двајца надвор од теренот се доста големи пријатели и имаат максимална почит меѓу себе.

Швајцарецот даде мислење за Надал по егзибициониот меч против Зверев, кој се одигра вчера во Буенос Аирес.

Тој е одличен човек и голем играч. Кој веруваше дека повторно ќе биде број еден и тоа по пауза од 11 години. Сите велеа дека е повреден, дека нема да може да го издржи тоа темпо на игра, но тој пронајде начин како да се справи со тоа и оваа сезона освои два Грен слема. Сега има 19 и мислам дека може да биде запаметен како најдобриот тенисер на сите времиња“- рече Федерер.

Федерер и Надал досега одиграле 40 натпревари. Шпанецот е поуспешен и има 24 победи, додека Федерер славел на 14 средби.