Роже Федерер е пред важна одлука, дали вчерашниот настап на Вимблдон е негов последен во кариерата, тој загуби од Хурберт Хуркач од Полска и тоа предизвика многу коментари.

Швајцарецот сè уште размислува каква одлука да донесе, можеби вчерашниот настап беше последен за Федерер на лондонската трева.

„Навистина не знам, можеби ова беше мој последен Вимблдон, но мојата цел е да играм повторно тука, но мора прво да разговарам со својот тим, потоа ќе донесам одлука. Сакам да играм, ама во мои години повеќе ништо не е сигурно“ – Федерер.