Роџер Федерер покрај Мастерсот во Париз, изјави дека нема да е дел и од премиерното издание на АТП Купот на почетокот на следната година. Причината за оваа одлука на Швајцарецот е семејството на кое сака да им посвети повеќе време.

„Многу жалам што се повлекувам од првиот АТП Куп. Кога решив да играм минатиот месец, тоа беше тешка одлука затоа што значеше помалку време со моето семејство. Откако разговарав и со тимот за плановите за наредната сезона, решив да поминам две недели дома, бидејќи тоа ќе биде од корист и за моето семејство и за мојата кариера. Ме боли што нема да бидам дел од новиот турнир, но ова е вистинската работа што треба да ја направам ако сакам да ја продолжам кариерата“-вели Швајцарецот.

Покрај Федерер учеството на овој турнир го откажа уште еден Швајцарец, а тоа е Стан Вавринка.