Легендарниот швајцарец Роџер Федерер го откажа учеството на Мастерсот во Париз како би бил максимално подготвен за завршниот Мастерс во Лондон.с

Федерер вчера ја освои десеттата титула на турнирот во Базел и 103 во кариерата, а на социјалните мрежи објави дека е разочаран што нема да настапува пред француската публика.

„Многу сум разочаран што морам да се повлечам од Мастерсот во Париз, но морам да се поштедам себе затоа што сакам да играм што е можно подолго. Се извинувам на француските навивачи, кои ќе ги видам наредната година на Ролан Гарос“, порача Федерер.

Федерер на завршниот турнир ќе ја брка 6 титула, а место на овој турнир обезбедија и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Данил Медведев, Доминик Тим и Стефанос Циципас, додека последните два патници во Лондон ќе бидат познати по турнирот во Париз.