Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер , години наназад прескокнува голем број на турнири на земјена подлога, а од таквиот тренд не се откажа ни годинава. Популарниот „Федекс“ објави дека нема да настапи на ниту еден од турнирите на земја, освен вториот гренслем во годината Ролан Гарос.

Ова значи дека Швајцарецот ќе ги пропушти турнирите во Мадрид, Монте Карло, Рим кои се турнири од Серијата 1000. Ваквата одлука не е изненадување со оглед на годините и тоа што Федерер од секогаш најлоши резултати постигнуваше на овој вид на подлога.

 38-годишниот тенисер годинава настапи само на Австралија Опен каде загуби во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ со 3-0 по сетови.