Роџер Федерер во пресрет на новото издание на „Лејвер Купот“ кој ќе се одржи во Женева говореше за своите вечни ривали Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Според него најголема особина кај нив е опуштеноста која ја смета за клучна за постигнување на големи резултати.

„Можам да кажам дека претходните изданија на Лејвер купот ме зближија со Новак и Рафа. Тие се одлични момци, но она што ме фасцинира е нивната опуштеност. Кога го гледате Рафа како тренира и игра мислите дека ќе „изгори“, но по тренините и мечевите тој е максимално опуштен. Ист е случајот и со Ѓоковиќ кој пред секој меч знае што сака и не бега од зацртаниот план. Тоа е она што најмногу ме фасцинира кај него“- изјави популарниот Федекс.

„Лејвер Купот“ започнува во петок, а за тимот на Европа свое учество ќе имаат Федерер и Надал, додека Ѓоковиќ поради повреда на рамото нема да настапи.