Роџер Федерер е легенда на светскиот тенис, во пресрет на последниот Грен слем во годината, УС Опен, изјави дека во актуелниот момент на тенисот нема други фаворити освен тој, Ѓоковиќ и Надал.

Всушност оваа тројка изминативе долги години доминира во тенисот, сосема е во право кога Швајцарецот изјавува дека и на УС Опен 2019 нема да има изненадувања.

„Кога сме Новак, Рафа и јас здрави и во добра форма, останатите играчи имаат големи проблем да не победат. Ова што јас, Новак  и Рафа го правиме едноставно не е нормално, многумина тоа го забораваат. Мислам дека оваа доминација не е нормална и сметам дека ќе биде големо изненадување ако некој друг победи на УС Опен“ – изјави Федерер.

Последниот Грен слем во годината започнува во понеделник, според ждрепката, Федерер и Ѓоковиќ ако победуваат ќе се сретнат пред финалето.