Швајцарскиот тениски ас, Рожер Федерер реши да проговори за неговите почетоци како професионален спортист и за тоа колку време му било потребно за да најде начин да го контролира темпераментот.

„На почетоците бев многу лут спрема себе но потоа научив дека и најмалите детали се многу важни. Знаев да плачам да ги фрлам рекетите а кога ќе загубив дури и да ги искршам. Се се промени во 2001 година во Хамбург. Изгубив меч кој требаше да го добијам и се однесував очајно, тогаш решив дека мора да се смирам“.- вели Федерер.

Тој додаве дека и ден денес не сака да губи но благодарение на разговорите со најблиските успеал да го менаџира темпераментот и да се смири. Федерер неодамна го освои турнирот во Хале а на престојниот Вимблдон е еден од фаворитите за титулата.