Швајцарскиот тениски Ас, Роџер Федерер дефинитивно нема да се натпреварува на АТП Мастерсите од серијата 1000 во Торонто и во Синсинати.

Популарниот Федекс се уште има болки во коленото и поради оваа повреда реши да не учествува и на ЛОИ во Токио.

Поради оваа причина тој ќе ги прескокне и двата турнири каде што има одличен успех во минатото, а во Ториното нема да настапи ни Зверев како и Раониќ и Беретини.