Рожер Федерер во својата кариера освои 20 грен слем титули со што е рекордер во таа категорија, но последен пат титула на еден од четирите најголеми тениски турнири освои во јануари 2018 година. Од тогаш, на грен слен турнирите доминираат Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, кои имаат 19 односно 16 грен слем рофеи.

„ Би сакал да ги задржам сите свои рекорди, но тоа не е нормално. Постојано ме прашуваат за тоа, но рекордите се тука за да се рушат. Се надевам дека наредната сезона ќе се борам за некоја од грен слем титулите. Но, задоволен сум и што со 38 години можам да играм на ова ниво. Секако, оваа тениска ера ќе остане запомнета по тоа што сите тројка, јас, Надал и Ѓоковиќ игравме фантастично во ист период“ – вели Федерер.

Швајцарецот годинава беше најблиску да стигне до нова титула на еден Гренд Слем, но во финалето на Вимблдон загуби од Новак Ѓоковиќ, иако имаше две меч топки.