Роџер Федерер нешто повеќе од една деценија е еден од најголемите светски ѕвезди и тоа не само спортски, туку воопшто.

Богатството на Роџер Федерер во моментот изнесува огромни 900 милиони евра, а во наредните година до две од спонзорствата ќе заработи уште 200 милиони долари со што ќе стане прв милијардер во светот на тенисот.. Федерер има 129 милиони долари од награди на турнирите во текот на кариерата, средства кои изгледаат смешно во однос на тоа колку заработува од спонзорства.

Федерер има договор со комапнијата за спортска опрема „Uniqlo“, како и оние со „Credit Suisse“, „Mercedes Benz“ и со „Rolex“.

Федерер во наредниот период ќе стане само четвртиот спортист кој е милијардер, а такво нешто претходно им успеа на Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Флојд Мејведер.