Роџер Федерер пред настапот на АТП турнирот во Доха, демантираше дека има виситнски непријатели меѓу неговите ривали и ги пофали младите генерации и начинот на кој се соочуваат со предизвиците.

„Имам многу пријатели, тенисерите се моето второ семејство, немам проблем со никој од нив. Секога е важно да бидете во добра атмосфера, затоа што многу саати, денови, недели поминуваме заедно. Ме радува што млаите генерации се блиски, имаат мотив да не победат нас ветераните. На теренот се супер агресивни, но надвор од него сите се добри луѓе.“ – изјави Федерер.

Швајцарецот посочи дека сеуште поминуива многу време слушајќи музика, неговот главно хоби кое му овозможува да го разбистри умот кога тоа е најпотребно.