Роже Федерер, по подолга пауза се враќа на теренот и тоа на турнирот од серијата 250 во Женева. На овој турнир ќе биде поставен за прв носител и покрај тоа што долго време не беше на теренот поради операција на колената.

Швајцарецот е свесен дека има привилегии , кој му овозможуваат да биде носител на турнирите иако има голема пауза , па на таа тема денес изјави.

„Не мислам дека паузата ми помогна заради повредата на колената, денеска сите играчи се спремни. Единствена работа која ми помогна во текот на овој период е ранкингот, но искрено да кажам тоа е помалку важно. Доколку немаше заштитен ранкинг, сега ќе бев 800. тенисер во светот, а не осми. Многу е добро што се уште можам да бидам носител на турнирите, но тоа не ми менува многу кога се ќе се собере и одземе, изјави Федерер и додаде:

Ако јас не сум 100 % спремен заради своите колена нема да можам да издржам, но спротивно од тоа, ако сум спремен на највисоко ниво, тогаш знам дека сум подобар од тоа 800. место во светот. Сега мора да видам како ќе се развива мојата игра во наредните два месеца и од тука ќе добијам доволно информации какко моматаму ќе се одвива мојата кариера“, заврши 40 – годишниот Федерер.