Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер сезоната ја заврши со пораз во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон, а во моментот се наоѓа во Буенос Аирес каде ќе одигра меч од егзибиционен карактер против Александар Зверев.

Аргентинските медиуми го искористија присуството на Федекс и му поставија прашање околу неговото пензионирање.

 

Во овој момент не гледам ниедна причина за да се повлечам. Ќе запрам тогаш кога моето тело ќе ми го каже тоа. Не мислев дека ќе играм до 35 или 36 години, но еве ме уште настапувам. Уште во 2009 година прв пат се запрашав кога би можел да се повлечам, но и по скоро 10 години сум тука“-изјави Федерер.

Роџер Федерер последниот Грен Слем трофеј го освои во Мелбурн 2018 година, а од тогаш наваму беа одиграни уште седум турнири на кој тој не успеваше да дојде до трофеј.