Рожер Федерер не беше расположен на прес конференцијата по елиминацијата во четвртфиналето во Шангај.

Швајцарецот загуби од Зверев по три сета и го заврши настапот на Мастерсот во Кина. По мечот, Федерер влезе во вербална расправија со судијата а ова беше главна тема на средбата со новинарите на официјалната прес конференција.

„Мислите дека се одговарам по автоматизам за вие после тоа да има што да напишете на Твитер? Можете некогаш и нешто убаво да напишете за некој меч. Следно прашање…“ – изјави Федерер.