Најмладиот тенисер меѓу најдобрите 100, Феликс Оже Алијасен, изјави дека убедливо најтежок противник му е Роџер Федерер.

Феликс моментално се натпреварува на турнирот во Пекинг, а во пресрет на дуелот со Александар Зверев беше запрашан кој е неговиот најтежок ривал.

„Тоа е Роџер Федерер. Тој е еден од најдобрите на сите времиња. Имав можност да тренирам со него и тоа беа најтешките тренинзи во мојата кариера. Многу е тешко да се надигруваш со него“, рече младиот Канаѓанец.

Феликс досега ја немал таа среќа или несреќа да се сретне со големиот Федерер на еден официјален меч, а од „големата тројка“ има одиграно само против Надал и загуби во два сета.