Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини, смета дека без причина е дисквалификуван од турнирот во Барселона, а наведе дека ќе побара и целиот случај да биде детално истражен.

„Тажен сум поради тоа што ми се случи. Излегов на терен да играм и да се борам, тоа што ми го направи судијата е неприфатливо. Казнет сум за нешто што не сум направил. Сакам сите да знаат, детално ќе побарам да се истражи овој случај“, изјави Фоњини.

Фоњини настапи во второто коло на турнирот во Барселона а противник му беше домашниот тенисер Бернабе Сапат и беше на добар пат кон пласман во третото коло се до моментот во вториот сет , при резултат 4-4 кога беше дисквалификуван поради наводно неспортско однесување, поточно навреди кон линискиот судија.