Италијанскиот тенисер, Фабио Фоњини ги запрепасти сите на Вимблдон со една изјава која е скандалозна и предизвика многу коментари на социјалните мрежи.

Американецот Тенис Сандгрен го елиминира Фоњини кој беше многу нервозен за време на мечот кој се играше на теренот број 14.

„Дали е фер да се игра овде? Проклети Англичани. Проклети. Би сакал да ви експлодира бомба во овој клуб“ – изјави Фоњини.

Инцидентот се случи при 2:2 во вториот сет при сервис  на италијанецот.