Роџер Федерер нема да биде дел од вториот Грен слем годинава Ролан Гарос, откако денеска објави дека имал операција на коленото.

Швајцарецот правел артроскопија на коленото за да го реши проблемот со повредата, што го мачи веќе подолго време.

По зафатот, докторите се убедени дека го направив вистинскиот потег и се убедени во целосно закрепнување. Ќе се видиме на тревата“, соопшти популарниот Федекс.

Поради оваа операција Швајцарецот ќе ги пропушти и престојните турнири во Дубаи, Индијан Велс и Мајами, а се очекува да се врати на почетокот на јуни кога започнуваат подготовките за Вимблдон.