Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер преку својата фондација донираше еден милион франци за оние семејства кои се погодени од Коронавирусот.

Со тоа Швајцарецот влегува во редот на спортисти кои во овие моменти ја покажаа својата солидарност и хуманост.

„Овие се предизвикувачки периоди за секого. Мирка и јас лично решивме да донираме еден милион швајцарски франци за најранливите семејства во Швајцарија. Нашиот придонес е само почеток. Се надеваме дека другите може да се приклучат во поддршката на повеќе семејства кои имаат потреба од нив. Заедно можеме да ја надминеме оваа криза! Останете здрави!“-напиша Швајцарецот.