Новак Ѓокивиќ ја започна 270 седмица на врвот на АТП рангирањето и со ова стана четвртиот на сите времиња со ваков резултат израмнувајќи се со неговиот идол на вечната листа, легендарниот Иван Лендл.

Пред Ѓоковиќ остануваат Пит Сампрас со 286 седмици и Роџер Федерер со 310 седмици на првото место на светската ранг листа.

Разликата меѓу Ѓоковиќ и второпласираниот Надал сега падна на 640 бодови. Трет и натаму е Роџер Федерер пред Медведев и Тим.