Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ преку својата фондација не престанува да помага кон луѓето ширум Србија, а последна донација Србинот направи во Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица.

Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ донираше два респиратори и 14.пациент монитори, додека фондацијата „Делии“ донираа средства за набавка на уште еден респиратор.

„После неколку дена видовме дека не смееме да се опуштиме. Во време на Коронавирус не се предаваме. Денешната донација е само мал знак на солидарност и поддршка за најзагрозените луѓе – изјави Маја Кремиж, директорка на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.