Србија е првиот шампион во новоформираниот АТП Куп, откако во финалето ја совладаа Шпанија со 2-1 на поени.

Решавачкиот поен за Србија го донесоа Ѓоковиќ и Троицки кои во мечот во парови беа подобри од двоецот Карено Буста-Лопез со 6-3 и 6-4.

По натрпеварите во поединечна конкуренција резултатот беше 1-1, а поведе Шпанија преку Баутиста Агут кој го совлада Лајовиќ, а во дуелот на титаните Ѓоковиќ го доби Надал на кого не му дозволи да ја завери титулата за „црвента фурија“.