Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ на стартот од новата година без никаков притисок ја започна 302 седмица во кариерата како лидер на АТП рангирањето.

Со ова Ѓоковиќ дојде до осум седмици од рекордот на Роџер Федерер. Ако остане на првото место до март, Ѓоковиќ ќе постави нов рекорд во историјата на светскиот тенис.

Кај дамите на првото место остана Ешли Барти, пред Халеп и Осака.