Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ ја започна 315 недела како лидер на АТП ранг листата. Ѓоковиќ кој одамна го надмина Федерер и стана тенисерот со најмногу лидерски позиции на ранг листата на денешното рангирање остана на првото место но не ја задри бодовната разлика.

Поради тоа што не учествуваше на Мастерсот во Мајами, Ѓоковиќ загуби 45 разлика и сега има 1663 повеќе од второпласираниот Данил Медведев. Зверев го помина Федерер на шестото место.

Кај дамите на врвот останува Ешли Барти пред Осака и Халеп. Андреску напредуваше три позиции и сега е на шестото место, додека Серена Вилијамс падна на осмата позиција.