Носителот број еден на Ролан Гарос Новак Ѓоковиќ експресно се пласира во третото коло на грен слем турнирот во Париз совладувајќи го Ричардас Беранакис со 3-0 во сетови.

Моментно најдобриот светски тенисер му препушти на противникот само пет гема елиминирајќи го Литванецот за само 83 минути.


Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Колумбиецот Гарин кој убедливо со 3-0 во сетови го совлада Сандгрен.