Новак Ѓоковиќ е вториот полуфиналист на Австралија Опен. Србинот без поголеми проблеми славеше над Милош Раониќ со 3-0 во сетови, кој потфрли и не успеа да даде поголем отпор на вториот рекет во светот.

На Ѓоковиќ во првите два сета направи по еден брејк кои беа доволни за убедливо водство од 2-0 во сетови. Најголем отпор, Канаѓанецот пружи во третиот кој беше решен во тај-брејк, кој го загуби со 7-1, а Ноле на 5-5 не искористи две брејк топки за да го затвори мечот побрзо.

Победата на Ѓоковиќ значи нов епски меч против Федерер на радост на сите љубители на тенисот. Швајцарецот во првиот четвртфинален меч славеше над Тенис Сандгрен со 3-2, иако повеќе од половина меч го одигра повреден.