По завршувањето на Вимблдон, познати се најновите промени во машкото и во женското рангирање. Новак Ѓоковиќ со освојувањето на титулата во Лондон дополнително се зацрвсти на првото место на АТП ранг листата пред Надал и Федерер.

Кај дамите, освојувачката на Вимблдон, Симона Халеп се пробидо четвртата позиција на ВТА листата. Лидер и натаму е Ешли Барти пред Осака и Плишкова.