Денеска, некаде оклу 16 часот, во Дубаи ќе се одигра четврт-финалниот меч во кој ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Русинот Карен Хачанов.

Рускиот тенисер ја знае вредноста на првиот светски рекет па најави дека ќе може да победи само ако истовремено се наоѓа на повеќе места на теренот.

Тој тоа сликовито го претстави на својот твитер.

Инаку, ова ќе биде четврти меч меѓу овие двајца тенисери, а моменталниот резултат е 2:1 во полза на Ѓоковиќ.